Панел дискусија: #СтудентскиАктивизам

Панел дискусија: #СтудентскиАктивизам

Здружението на правници ЛЕГАЛ Тинк организира Панел дискусија: #СтудентскиАктивизам (линк), која ќе се одржи на 13.02.2019 (среда) со почеток во 12:00 часот, во мултимедијалниот центар при Радио Кафе Канал 77 во Штип.

Оваа панел дискусија е во рамки на истоимениот проект кој го имплементира Здружението на Правници ЛЕГАЛ Тинк, а е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија. На настанот ќе бидат дискутирани правата и обврските на студентите, студентските претставници при Универзитот и механизмите за заштита на студентските права.

Заинтересираните да се пријават на следниот линк.

Патните трошоци за посетители надвор од Штип ќе бидат покриени во висина на автобуски билет.

За повеќе информации слободно обратете се на legalthinkmk@hotmail.com.

Share this:

Leave a Reply