ПАНЕЛ Дискусија: Сексуално вознемирување во образовните институции

ПАНЕЛ Дискусија: Сексуално вознемирување во образовните институции

Во последните три години во државниот просветен инспекторат е поднесена само една претставка за сексуално вознемирување во образовна институција. Во медиумите и во јавноста многу малку се збори за оваа тематика и се создава слика дека не постои проблем. Сепак, со кампањата #СегаКажувам#TaniTregoј, повеќе жени и девојки се огласија со потресни сведоштва на оваа тема, што дава поинаква слика за овој проблем. Оттука, се појавува и потребата јавно да се проговори и да се истражи дали сексуалното вознемирување е присутно или не, во образовните институции во Македонија? Дали жените се поголема „мета“ на сексуално вознемирување од мажите? За да дадеме одговори на овие прашања, ве покануваме, на 19 Април во ГЕМ клубот, Менада со почеток од 18:00 часот, да дискутираме за состојбата поврзана со сексуалното вознемирување и насилство во образовните институции во Македонија. На овие прашања свој осврт ќе дадат професори и професорки, како и активисти и активистки кои работат на оваа или на сродни тематики, кои ќе се јават во улога на панел говорници и говорнички. Учество во дискусијата ќе земат и присутните кои преку прашања, сугестии и споделување свои сведоштва, мислења и ставови, ќе придонесат кон креирање појасна слика за состојбата со застапеноста на сексуалното вознемирување и насилство во образованите институции и кон креирање препораки за подобрувавње и надминување на оваа несакана појава. Бидете дел од настанот панел дискусијатаи искористете ја оваа можноста да говорите јавно и гласно за темата и заедно да покажеме дека ваквите состојби не смеат да бидат премолчени. —————————————————————————————————– Оваа активност е дел од проектот ”Upfront” која се реализира од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендиската Марија Николоска, поддржана од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество ( Civic Engagement Project-Macedonia)

Share this:

Leave a Reply