Отворена дискусија на тема: „Општествена инклузивност на ранливите категории граѓани преку образование“

Отворена дискусија на тема: „Општествена инклузивност на ранливите категории граѓани преку образование“

Во насока на подигнување на свеста за значењето на образованието на ранливите категории на граѓани, кабинетот на Министерот без ресот, Самка Ибраимовски, во соработка со МИТ Универзитет – Скопје како општествено одговорна, инклузивна и мулти – културна високо образовна институција, со особена чест и задоволство Ве поканува да земете учество на настанот: “Општествена инклузивност на ранливите категории граѓани преку образование” кој ќе се одржи на 4-ти Септември,(понеделник), во Амфитеатарот на Универзитетот МИТ – Скопје (Плоштад Македонија), со почеток од 10:00 часот.

 

А Г Е Н Д А

Отворена дискусија на тема:

 „Општествена инклузивност на ранливите категории граѓани преку образование“

Датум: 04.09.2017

Место: МИТ Универзитет – Скопје, Плоштад Македонија, Свечен Амфитеатар почеток во 10:00 часот

09:30 – 10:00 Регистрација на гостите

10:00 – 10:10 Свечено отварање – Билјана Апостолова, генерален директор на МИТ Универзитет

10:10 – 10:20 „Значење на инклузиваноста во образовниот процес за ранливите категории на граѓани“ – Самка Ибраимовски, министер без ресор

10:20 – 10:30 „Активности за поддршка на образовните институции за инклузија на ранливите категории на граѓани во образованието“ – Министерство за образование и наука

10:30 – 10:40 „Социјална помош на ранливите категории граѓани при вклучување во образовните процеси“ – Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика

10:40 – 10:50 „Добри примери и практики во земјите од ЕУ за инклузија во образованието“ – Софи Беумот, програм менаџер, делегацијата на ЕУ во Р. Македонија

11:00 – 11:10 „Иницијативи, поддршка и идни приоритети за инклузија на ранливите категории“ – Надир Реџепи, извршен директор, Ромски образовен фонд

11:10 – 11:20 „Проблемите со кои се соочуваат ранливите категории на граѓани за вклучување во образовните процеси“ – Билјана Дуковска, Претседател на македонска платформа против сиромаштија

11:20 – 11:50 – Прашања и дискусија

11:50 – 12:30– Коктел

 

Share this:

Leave a Reply