Нашата волонтерска приказна | Трибина во Велес

Нашата волонтерска приказна | Трибина во Велес

📣Здосадено ви е од едноличното секојдневие? Во потрага сте по нешто што ќе ви овозможи токму Вие да сте промената во ова општество? За мотивација и повеќе информации за волонтерството, што значи да се членува во граѓанска организација и да се биде дел од младински акции, тимот кој ја имплементира младинската локална иницијатива “Биди промената” организира трибина за младите во Велес.

🙋‍♂️🙋‍♀️Трибината е насловена “Нашата волонтерска приказна”, на неа ќе учествуваат неколку млади и успешни активисти од Велес кои со своите лични приказни ќе се обидат да ја мотивираат младината да волонтира.

Имињата на говорниците како и целосната агенда на настанот ќе бидат објавени наскоро. За сите новости и повеќе детали кликнете на овој линк до официјалниот фејсбук настан. 📅09.05.2019 (четврток) 🕕18:00 – 20:00 📍Салата на општина Велес Тимот кој го организира овој настан во соработка со Општина Велес ги повикува сите млади велешани да им се придружат и да ја добијат дозата на мотивација, да дознаат како волонтирањето и младинскиот активизам можат да им го променат животот!

Најавете го вашето присуство на краткиот формулар достапен на овој линк.

🇪🇺Со овој настан ќе биде одбележан и Денот на Европа (9ти мај), во рамки на истиот ќе биде дискутирано и волонтерството и свеста на младината за истото и на локално, но и на европско ниво.

*Трибината е во рамки на младинската локална иницијатива за застапување која ја имплементира тим од 9 млади во општина Велес, како дел од програмата за локален активизам од проектот Младински локални иницијативи. Проектот е имплементиран од Здружението на граѓани Младите можат, со поддршка од MladiinfoYouth Bank Hub Western Balkan and Turkey и Европската унија.

Локација:
Салата на општина Велес
Рок за аплицирање:
/
Како да аплицирате:
Најавете го вашето присуство на следниот линк: https://forms.gle/ACzBSYpseA7DLHV27

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply