Младински излет на Скопско Кале

Младински излет на Скопско Кале

Цма Крик организира младински излети на отворено во периодот на април и мај 2019 година. Оваа недела, на 16ти април, вторник, се организираше првиот младински излет на Скопското Кале. Младинските излети ги организираат младински работници од Крик и Сојуз на извидници на Македонија. На овој излет учествуваа 18 лица со и без попреченост. Младинските работници  кои ги организираат младинските излети, подготвија неколку забавни активности и игри. Една од активностите беше заедничка прошетка на сите учесници низ Скопско Кале со цел подобро запознавање на околината. Целта на овој младински излет беше дружење и учење во природа. Доколку сте заинтересирани да ни се приклучите на излетите пополнете ја следната форма: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSco1nOEHyZvr2XeU6VmIbgN8fmP127y230LKChBnW4NT9gdbw/viewform Локациите за наредните младински излети во Скопје, се следните: –Трим патека во Паркот на природата (Гази Баба) – 23. 04. 2019 г. вторник; –Градски парк – 07. 05. 2019 г. вторник; –Шамак ливада – 21.05. 2019 г. вторник; –City tour – 28. 05. 2019 г. вторник. Младинските излети се одвиваат како дел од проектните активности од проектот кој ЦМА Крик го спроведува „Youth Participation for ALL!“. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво. Проектот е регрантиран од проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Младиинфо Интеранционал (Македонија). Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.
Локација:
Скопско Кале

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply