Млади истражувачи – презентација на резултати

Млади истражувачи – презентација на резултати

Младински образовен форум (МОФ) ве поканува на промоција на резултатите од четири истражувачки труда кои се изработени во рамки на Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондациите Отворено oпштество.

Промоцијата ќе се одржи на 16 јули 2019 (вторник) со почеток од 18:00 часот во просториите на Јавна Соба.

Истражувачките трудови се изработени од страна на четири тима – седум млади истражувачи кои беа менторирани од искусни истражувачи, со поддршка од МОФ, и во изминатите неколку месеци работеа на своите трудови и ги креираа и финализираа истражувањата. Младите истражувачи обезбедија податоци на темите кои значајни за младите и тоа: врсничкото насилство, национализмот кај младите средношколци, работата и функционалноста на центрите за кариера и популаризирање на руралноста кај младите луѓе.

Со истражувачката работа, овие млади истражувачи го продлабочија своете знаењето за креирање подобри младински политики и разбирање на проблемите и трендовите во општеството. На промоцијата секој тим кусо ќе го презентира своето истражување и ќе ги сподели главните наоди добиени од истражувањето како и заклучоците од истото. Изработените истражувања се :

„Популаризирање на руралноста – Потенцијалите на руралното коработење и ефектот врз миграциските трендови на младите во Република Северна Македонија“ – Елена Андонова и Ѓорѓи Димески

„Улогата и работата на центрите за кариера при факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Ангела Тасевскa

„Анализа на врсничкото насилство на интернет кај средношколците“ – Симона Стојчевска „Националистички чувства и ставови кај средношколците во Република Северна Македонија“ – Исаја Карадаковска, Емилија Божиновска и Мартина Георгиевска

Проектот има за цел да ги поврзе капацитетите и ресурсите на МОФ со знаењето и искуството на алумни стипендистите на Фондациите Отворено општество во корист на млади истражувачи, студенти и пошироката јавност во Северна Македонија. Младите и студентите немаат можност да прават истражувања и истражувачка академска работа поради ограничени ресурси – финансиски и менторски. Со овој проект беа искористени капацитетите на алумни стипендистите, со цел да ги споделат своите знаења со младите кои за прв пат се занимаваат со општествено релевантни истражувања и заедно да придонесат во креирање на квалитетни анализи кои ќе помогнат да се подобрат политиките или да се подигне свеста за важни прашања во Северна Македонија.

Share this:

Leave a Reply