Млади артивисти за промена (МАП)

Млади артивисти за промена (МАП)

Со задоволство ве покануваме да ни си придружите на настан по повод здружување на 5 држави за остварување на иста цел – потикнување на креативниот дух кај младите во обидите за постигнување еднаквост.

МЛАДИ АРТИВИСТИ ЗА ПРОМЕНА (МАП) е креативна и иновативна алијанса помеѓу 5 држави: Македонија, Косово, Србија, Албанија и Холандија, а финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Холандија. Проектот се фокусира на учеството на млади од 15 до 24 години во активности поврзани со филм, театар, подкасти и раскажување на приказни. Специфично таргетираме млади (вклучувајќи ги и оние кои работат со млади) и ги охрабруваме во нивните обиди за промена и подигнување на свесноста за човековите / ЛГБТИ правата и родовата еднаквост преку уметност. Алијансата  се состои од 17 организации кои делуваат во полето на уметноста, културата, човековите/ЛГБТИ правата, родовата еднаквост и младинската работа. Ние веруваме дека културната дипломатија поттикнува и отвара дијалог и меѓусебно разбирање помеѓу Холандија и земјите од Западен Балкан. Алијансата спроведува активности за поврзување на млади луѓе со различнa културна позадина како што се организирање на: ЛГБТИфилмски фестивали, изложби на фотографии, дебати и настани за десеминација и зголемување на видливоста на резултатите од проектот до јавноста. Опипливи резултати од проектот се: тренинзи за филм, фотографија, театар, подкасти и техники за раскажување на приказни дизајнирани за млади уметници и активисти кои делуваат во полето на застапување за човековите/ЛГБТИ правата, социјалната инклузија и нивно охрабрување преку тренинзи и работилници. Една од најважните активости во проектот е создавањето на безбедни уметнички простори. МАП цели да оствари значаен придонес во разбирањето на младите, човековите права како и разбирањето на демократските принципи на Европската Унија кои можат да ја олеснат транзицијата на партнерските држави во нивните обиди за членство во Европската Унија.

Свое обраќање ќе имаат претставници од партнерските организации во проектот, како и Амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје – Н.Е. Ваутер Пломп, а после тоа ќе следат ДЈ сетови на Петар Антевски, Ивана Низамовска и Јана Тодоровска.

Настанот ќе се одржи во мултимедијалниот простор „Котур“ (Парк Форум) во сабота, 17.11.2018 со почеток во 19:30 часот.

Ги охрабруваме сите млади кои имаат интерес во уметност и активизам да присуствуваат на настанот.

Повеќе детали за настанот на следниот линк.

Ве очекуваме!

Share this:

Leave a Reply