Меѓународен ден на млади 2019

Меѓународен ден на млади 2019

Агенција за млади и спорт Ве поканува да бидете дел од настанот по повод Меѓународниот ден на млади, кој ќе се одржи во понеделник (12.08.2019), во Јавна соба со почеток од 18:00 часот.

На настанот ќе имаме можност да дискутираме на следните теми:

18:00 – Панел дискусија: Младински центри

  • Дарко Каевски – Директор на Агенција за млади и спорт
  • Драган Атанасов – Сојуз за младинска работа
  19:00 – Панел дискусија: Инклузивно и трансформативно образование
  • Наташа Анѓелеска – Фондација отворено општество
  • Мартин Милошевски – Национален младински совет на Македонија – Претставник – Министерство за образование и наука

По завршување на воведните излагања на говорниците ќе се отвори можност за прашања од публика и дискусија, а по завршување на официјалниот дел на настанот следи коктел неформална дружба со ДЈ Цако. Ги покануваме сите млади и младински организации да бидат дел од овој настан.

Share this:

Leave a Reply