Консултации за Законот за младинско учество и младински политики

Консултации за Законот за младинско учество и младински политики

Во името на Агенцијата за млади и спорт, Клубот на пратеници за младински прашања и политики и младинските организации Национален младински совет на Македонија и Коалиција на младински организации СЕГА, и подмладоците на повеќе политички партии би сакале да Ве поканиме на првите консултации за содржината на Законот за младинско учество и младински политики. Консултациите ќе се одржат со следниот распоред:

  • Скопје 28.05.2019 (вторник) со почеток во 12:00 часот во Public Room
  • Струмица 29.05.2019 (среда) со почеток во 13:00 часот во Хотел Глигоров
  • Штип 30.05.2019 (четврток) со почеток во 12:00 часот во Универзитет „Гоце Делчев“
  • Кавадарци 05.06.2019 (среда) со почеток во 13:00 часот *
  • Битола 06.06.2019 (четврток) со почеток во 13:00 часот во Хотел Милениум
  • Тетово 10.06.2019 (понеделник) со почеток во 12:00 часот во Хотел Меркур
  • Струга 11.06.2019 (вторник) со почеток во 13:00 часот во Хотел Дрим
  • Куманово 12.06.2019 (среда) со почеток во 12:00 часот *

* За местото на одржување на настанот во Општина Кавадарци и Општина Куманово, ке Ве информираме дополнително.

Ги покануваме сите заинтересирани млади, претставници на младински организации, средношколски заедници, студентски организации, подмладоци на политички партии, локални младински совети, културни и спортски друштва и сите останати групи да учествуваат на  консултативните средби, да ги споделат своите ставови за содржината на предлог текстот, како и своите идеи, предлози и препораки за негово подобрување.

На средбите ќе се обратат пратеници/претставници на институции и претставници на младински организации/подмладоци кои ќе споделат повеќе информации за Законот за младински учество и младински политики и начините на кои младите може да се вклучат во негово финализирање. По воведните обраќања следи дискусија со сите присутни.

Патните трошоци за заинтересираните млади од регионот кои ќе присуствуваат на консултативната средба ќе бидат покриени по приложување на фискална сметка.

Сите одржани средби на работната група, како и текот на целокупниот процес, се поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Мисијата како партнер во овој процес има голема улога во непречено одвивање на активностите кои произлегуваат од овој процес и нивно успешно финализирање.

Повеќе информации за Законот за младинско учество и младински политики, како и информации за начинот на кој младите можат да го споделат своето мислење со работната група онлајн, се достапни на веб – страната: http://www.zakonzamladi.ams.gov.mk/

Консултативните средби се организирани од работната група која ја сочинуваат претставници од: Пратеничкиот клуб за младински прашања и политики при Собрание на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт, Владата на Република Северна Македонија, младинските организации Национален младински совет на Македонија, Коалиција на младински организации СЕГА и подмладоците на БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.

Share this:

Leave a Reply