Конференција за стандарди и портфолио на младинска работа

Конференција за стандарди и портфолио на младинска работа

Сојузот за младинска работа (СМР) ги повикува сите заинтересирани младински работници, работници со млади, професионалци од професии сродни и комплементарни на младинската работа, млади, лицата запознаени со младинската работа и процесите поврзани со истата, донесувачи на одлуки за прашања од значење на младинската работа и сл. да се пријават за учество на Националната конференција за важноста на постоењето на Национални стандарди за квалитет на младинската работа и Национално портфолио за младинска работа, согласно европските практики и стандарди.

Имено, конференцијата ќе обезбеди простор за воведување во и дискусија околу сегашните трендови, тековни процеси и добри практики од земјите од регионот и ЕУ кои се тесно поврзани со препознавање на младинската работа како значајна професија за поддршка на развојот на младиот човек и за унапредување на неговото активно учество во животот на заедницата. На истата, заедно со сите засегнати страни, ќе се дискутира потребата и можностите за осигурување на квалитет и рамка за развој на младинската работа.

Конференцијата ќе се одржи на 22.11.2018 година во ЕУ инфо центарот во Скопје со почеток од 10 часот.

Заинтересраните лица е потребно своето присуство да го најават со пополнување на формуларот кој е достапен на следниот линк: https://goo.gl/forms/zR1KZuQ5YczSpgNI3 За оние кои доаѓаат надвор од Скопје, ќе бидат покриени патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Националната конференција за важноста на постоењето на Национални стандарди за квалитет на младинската работа и Национално портфолио за младинска работа, согласно европските практики и стандарди е првата активност од низата активности кои следат во рамки на проектот „Квалитетна младинска работа: рамка за понатамошен развој на младинската работа“ поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Доколку ви се потребни било какви дополнителни информации слободно контактирајте не smr.sojuz@gmail.com или пак во порака на нашата ФБ страна.

Share this:

Leave a Reply