Кариерно насочување преку “Job shadowing” | Панел дискусија

Кариерно насочување преку “Job shadowing” | Панел дискусија

Уште еден интересен настан организиран од членството на Младите можат!

Задоволство ни е да ве поканиме да присуствувате на панел дискусија на тема кариерно насочување преку концептот на job shadowing, организирана од страна на тимот Umbra.

Прв пат слушате за job shadowing? Не сте единствени. Дојдете на 05.06.2019 во 18:00 часот на Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје за да ви го претставиме овој концепт. Ќе слушнете што е job shadowing, кои се бенефитите од ваквиот концепт, искуства со job shadowing и потребата од ваква практика во нашиот образовен систем.

На кратко, „јob shadowing“ претставува американски концепт, за којшто кај нас во моментот не постои соодветен термин. Претставува начин на стекнување знаења и запознавање со работна позиција, преку придружување на вработениот при извршување на неговите обврски. Крајната цел е да се добие претстава за обврските и општиот изглед на работата, за да може личноста во прашање да донесе правилна одлука за својата идна кариера.

Целна група на оваа панел-дискусијата се средношколците, како личности на кои им е потребно некој да ги воведе во светот на возрасните и нивните проблеми, пред тие самите целосно да се вклопат во тој свет. Но секако дискусијата е отворена и за сите кои сакаат да присуствуваат и да се запознаат со методот на “job-shadowing”, како и можностите кои ние ви ги нудиме преку него.

Говорници на настанот ќе бидат:

  • 1. Христина Рунчева, универзитетски професор
  • 2. Ивана Маринчек и Радмила Живановиќ, психолози
  • 3. Билјана Велевска, Кариерен советник
  • 4. Претставник од Агенција за млади и спорт
  • 5. Мартин Трајановски, понудувач на job shadowing можности
  • 6. Никола Гилев и Симеон Стојковски, учесници на job shadowing можност

Share this:

Leave a Reply