Какво образование им е потребно на младите во Битола?

Какво образование им е потребно на младите во Битола?

Британскиот совет, во соработка со Националниот младински совет на Македонија спроведува програма за обука на млади „Активни граѓани“, која го промовира меѓукултурниот дијалог и социјалниот развој предводен од самите жители на заедницата. Како дел од истата во период на месец февруари ќе спроведат три локални обуки за лидери во Скопје, Битола и Куманово. Локалната обука „What kind of education do YOU(th) need?“, ќе се спроведе во периодот 23- 25 февруари 2018 година во Битола. Цел нa обуката Младите од Битола, заедно со професионалците активни во неформалното и формалното образование и останатите локални чинители од важност за образовните политики и програми во Битола, да ги зајакнат своите способности за спроведувањето на социјални акции и за иницирање и/или застапување и лобирање за промени во областа на образованието на младите луѓе во заедницата, во согласност со современите светски трендови и можности. Целни групи  • млади луѓе од Битола, на возраст 18-29 (студенти, претставници на младински организации и организации кои работат со/за млади, студентски унии, младински активисти и лидери, неформални групи на млади, претставници на Локалните младински совети и сл.); • претставници од организации и институции за формалното и неформално образование (професори, наставници, педагози, социјални работници, младински работници и т.н); • претставници од локалните институции кои имаат активна улога и придонес кон креирање на локалните процеси и политики во областите млади и образование. Учесниците на обуката треба да: – се запознаат со визијата на програмата Активни граѓани и местото на образованието во истата, – разменуваат информации за состојбата со образованието, процесите и политиките на локално, национално и интернационално ниво и нивната поврзаност и меѓузависност, – мапираат образовни можности и чинители од важност за образовните политики и програми во Битола, – ги споделуваат своите визии за тоа какво образование посакуваат да видат за младите во Битола, – ги дискутираат современите образовни трендови и политики, – да подготват сет на препораки со конкретни предлози за тоа што секој од сите засегнати чинители, (вклучувајќи ги и младите, младинските и други организации и институции активни во формалното и неформалното образование на млади, локалните власти, бизнис заедницата итн.) би можел да направи за да се подобри и унапреди образованието и образовните можности на младите луѓе во Битола во согласност со современите трендови и можности, – планираат и до крајот на месец март 2018, спроведат една поголема или неколку помали конкретни социјални акции во согласност со произведените препораки, а со поддршка од програмата Активни граѓани. Дата и време на обуката 23, 24, 25 февруари 2018 година, од 09:00 до 17:30 часот Место Хотел Милениум палас, Битола, Македонија. Јазик на кој ќе се изведува обуката Македонски јазик Начин на пријавување Заинтересираните се замолуваат да се пријават на овој линк, најдоцна до 19ти февруари 2018, 16:00 часот. Избраните учесници ќе бидат контактирани на 19-ти февруари. Лице за контакт: Иво Ивановски e – адреса: ivanovski.ivo89@gmail.com Марина Тошеска e-ареса marina_tosheska@yahoo.com Билјана Василевска Трајкоска е- адреса training@nms.org.mk

Share this:

Leave a Reply