Изложба на учесниците од курс за графички дизајн

Изложба на учесниците од курс за графички дизајн

Почитувани,

Ни претставува огромна чест да ве поканиме на Изложбата на првиот КУРС за Графички Дизајн во нашата земја.

При тридневниот курс за графички дизајн за средношколци, посетителите се стекнаа со почетни знаења за графичкиот дизајн и неговата примена.

Како резултат на тоа, нашата последна активност при изучувањето беше индивидуална изработка на дизајн за постер кој ќе биде дел од Колективната изложба на средношколците кои што учествуваа на овој курс.

Токму затоа ве покануваме на 8 јуни во 14 часот, во Универзитетот за туризам и менаџмент, да бидете дел од нашата прва Колективна изложба како дел од Курсот за графички дизајн, каде воедно ќе бидат доделени и сертификатите на учесниците.

Настанот е достапен на следниот линк. Оваа активност е дел од “Becoming Self-Employed”, спроведуван од Linking, Engagement, Advocacy and Development—LEAD стипендистот Мартин Трајановски, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Share this:

Leave a Reply