Изложба „Дај му втора шанса на отпадот“

Изложба „Дај му втора шанса на отпадот“

Со задоволство сакаме да ве поканиме на изложбата „Дај му втора шанса на отпадот“ која што ќе се одржи на 27.06.2019 со почеток во 18.00 часот.

На изложбата средношколци од три средни училишта ќе ги претстават предметите направени од реупотребливи материјали.

Целта на изложбата е да се покаже дека предметите кои мислиме дека треба да завршат како отпад може да имаат втора шанса и да бидат пренаменети за нешто поинакво. На истиот ќе се претстават креативни изработки од средношколците од реупотребливи материјали.

Доколку сакаш да се вклучиш и да придонесеш со свој предмет направен од реупотребливи материјали слободно контактирај не на anamarija@bidizelen.org и придонеси кон збогатување на изложбата, не подоцна од 25.06.2019.

Оваа активност е дел од “Think before you bin” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy, Development – LEAD стипендиската Анамарија Велиновска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество Civic Engagement Project-North Macedonia

  • Време: 27 јуни 2019 од 18 до 20 часот
  • Место: Umbrella

Share this:

Leave a Reply