GoNuts | Дискусија за ментална култура | 10.04.19, 18:00, Цреша бар

GoNuts | Дискусија за ментална култура | 10.04.19, 18:00, Цреша бар

Сите ние секојдневно се соочуваме со проблеми, предизвици и ситуации кои ни предизвикуваат секакви емоции и мисли. Најчесто тие се добри и позитивни, но ги има и лошите, стресните, oние за кои никој не сака да разговара. Одредени емоции и размислувања се скриени кај секој од нас затоа што нашето општество ги гледа како чудни, нереални и несериозни. Главен пример може да претставува посетувањето психолози и психотерапевти. Тоа во светот е многу здрава и нормална навика, а тука пред нашите очи тоа е претставено како „болест“. Токму заради вакви случаеви еден од тимовите во рамките на активното членство на Младите можат, формиран од девојки на различна возраст, со различни перспективи и размислувања, но сепак со иста цел, се одлучи за организирање на настан наречен Go Nuts. Целта на ова е на еден неформален начин да се пристапи до луѓето, објаснувајќи дека менталното здравје е доста важно како и подигнување на нивната свест за менталната култура, со што се поканија двајца психолози кои ќе бидат отворени за дискусија и прашања во кафе бар со пријатна атмосфера.

Тимот со задоволство Ве поканува на првиот настан #GoNuts кој ќе се одржи на 10ти Април од 18 часот во Цреша бар. Темата на настанот е ментална култура (анксиозност, токсични врски, депресија и слично). Со нивната иницијатива се стремат да ги срушат стигмите и сфаќањето на менталното здравје како табу тема во нашето општество. Со оглед на релаксираната природа на настанот, присутните ќе можат да постават анонимни прашања,  кои ќе бидат одговорени во текот на настанот од страна на психолозите – говорници.

Говорници:

  1. Проф. д-р Орхидеја Шурбановска – професор на Институт за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје
  2. Светлана Аспровска-Тодорович – психолог во средното училиште “Георги Димитров” во Скопје

Агенда:

18:00-19:00 Вовед во ментална култура и поставување на анонимни прашања

19:00-20:30 Одговарање на прашањата и дискусија со психолозите

20:30-21:00 Дополнителни прашања

Влезот е бесплатен и отворен за лица над 14 годишна возраст. Бидејќи бројот на присутни е ограничен, Ве молиме потврдете го вашето присуство преку: https://forms.gle/tu3ZCP6Dazg5mQR28.

За повеќе информации кликнете на овој линк кој ќе ве одведе до официјалниот настан на фејсбук.

Доколку имате прашања за настанот или сакате повеќе информации јавете се на: 076/299/099 ; 075/906/238.

Let’s #gonuts!!!!!!

Локација:
Цреша бар, Скопје
Рок за аплицирање:
09/04/2019
Како да аплицирате:
Ве молиме потврдете го вашето присуство преку:  https://forms.gle/tu3ZCP6Dazg5mQR28

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply