Голем хуманитарен концерт на 10 Март во АРМ – апел за помош на самохрана мајка

Голем хуманитарен концерт на 10 Март во АРМ – апел за помош на самохрана мајка

Под мотото „Подај рака – спаси некого од мака“ на 10 март 2017 година во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи хуманитарен фолклорен концерт со почеток од 20 часот. Целта на овој хуманитарен концерт е собирање на финансиска помош за самохрана мајка од населбата Козле во Скопје, која со своето малолетно дете живее во многу тешка состојба. Собраните средства ќе се искористат за санирање на кровот, поставување на соодветни врати и прозорци, санирање на подот и купување на апарати за домаќинство. Билетите ќе чинат 100 денари и истите може да се купат на билетарницата во Домот на АРМ или пред почетокот на концертот. За таа цел ги покануваме сите што сакаат да помогнат, да дојдат и да го проследат хуманитарниот концерт. Концеротот е во организација на Општинската организација на Црвен крст Карпош, Асоцијацијата на европски студенстски структури „Аегее“ и Фолкорното студио „Блажевски“. Хуманитарниот концерт што ќе се одржи во петок на 10 март 2017 година во Скопје е дел од програмата Црвен крст во акција – Промоцијана хумани вредности (ЦКА-ПХВ) кој претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците. Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество. Во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно, додека пак за некои помошта е долгорочна. Имплементацијата на програмата Црвенкрство акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Локација:
Дом на АРМ

Share this:

About the Author

AEGEE-SKOPJEAEGEE, Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (француски: Association des Etats Généraux des Etudiants de l’Europe), е европски студентски форум, една од најголемите интердисциплинарни студентски организации во Европа. Името го добила од Егејското Море и првиот парламент основан во рамките на француската револуција. AEGEE претставува студентска, невладина, неполитичка, непрофитабилна организација. Денеска ја има во 300 универзитетски градови и обединува 20 000 членови преку идејата за обедината Европа. Европа без граници, без препреки, непријателства и без наметнати разлики. Почитувајки се меѓусебно, а притоа да не се одрекуваме од своите особености, култури, религии, историски вредности, можеме да ја зајакнеме свеста за обединета Европа и да изградиме Европа која ќе биде симбол на слободата, демократијата, човековите права, взаемното почитување.Преку неформално образование, интеркултурна размена и прокети ги поттикнуваме младите во Европа да станат малдински активисти и волонтери.

View all posts by AEGEE-SKOPJE

Leave a Reply