Европски настан Пролетна АГОРА, АЕГЕЕ-Бергамо , Италија

Европски настан Пролетна АГОРА, АЕГЕЕ-Бергамо , Италија

АЕГЕЕ-Скопје Ве поканува да аплицирате за пролетната АГОРА која оваа година ќе се одржи во Бергамо во периодот од 18 до 22 мај! АГОРА претставува најголем статутарен настан организиран во мрежата на АЕГЕЕ Европа на кој учество земаат повеќе од 800 млади луѓе од цела Европа. АГОРА се организира два пати годишно (есенска и пролетна) и на овој настан младите од цела Европа ја планираат работата и политиките на оваа организација. На пленарните седници се дискутира за теми кои не засегаат сите нас младите. На оваа АГОРА главни теми на разговор ќе бидат: младинска невработеност, граѓанско образование, мобилност на младите и ширење на европтимизам. Покрај учеството на делегати кои ја претставуваат својата антена, секоја АЕГЕЕ антена има право да прати и неколку членови во својство на посетители. И делегатите и посетителите имаат право да учествуваат на пленарните седници, но покрај нив паралелно се одржуваат и голем број на други најразлични работилници, панел дискусии, сесии и притании на кои секој учесник може да присуствува. Не ја пропуштајте можноста да учествувате на еден од најголемите младински настани во Европа.  Крајниот рок за аплицирање е 24-ти март, ги очекуваме Вашите апликации! Ве молиме да го споделите овој пост до Вашите членки  и доколку некој од Вас е заинтересиран повелете на информативен состанок секој петок во 17,00 часот во нашата канцеларија на правниот факултет.
Локација:
Bergamo, Italy
Рок за аплицирање:
24.03.2016
Како да аплицирате:
Повелете на информативен состанок секој петок во 17,00 часот во нашата канцеларија на правниот факултет или контактирајте не на contact@aegee-skopje.org
Други детали:
https://www.agorabergamo.eu/

Share this:

About the Author

AEGEE-SKOPJEAEGEE, Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (француски: Association des Etats Généraux des Etudiants de l’Europe), е европски студентски форум, една од најголемите интердисциплинарни студентски организации во Европа. Името го добила од Егејското Море и првиот парламент основан во рамките на француската револуција. AEGEE претставува студентска, невладина, неполитичка, непрофитабилна организација. Денеска ја има во 300 универзитетски градови и обединува 20 000 членови преку идејата за обедината Европа. Европа без граници, без препреки, непријателства и без наметнати разлики. Почитувајки се меѓусебно, а притоа да не се одрекуваме од своите особености, култури, религии, историски вредности, можеме да ја зајакнеме свеста за обединета Европа и да изградиме Европа која ќе биде симбол на слободата, демократијата, човековите права, взаемното почитување.Преку неформално образование, интеркултурна размена и прокети ги поттикнуваме младите во Европа да станат малдински активисти и волонтери.

View all posts by AEGEE-SKOPJE

Leave a Reply