Дебата: „Човековите права низ призмата на различните култури“

Дебата: „Човековите права низ призмата на различните култури“

Универзалните човекови права се неприкосновени и обезбедени за секое човеково суштество. Првиот предизвик на кои наидуваат човековите права се начинот на инкорпорирање во правните системи на различните држави. Од друга страна различните држави се соочени со културите кои кохабитираат на нивна територија и на различен начин ги доживуваат човековите права.

Волонтерски Центар Скопје, во рамки на проектот „Без расправање“ преку дебатата „Човековите права низ призмата на различните култури“ се обидува да одговори на прашањето дали човековите права треба да се прилагодат на различните култури или културите на народите треба да ги прифатат човековите права и соодветно да ги менуваат своите културни практики.

Дебатата има за цел да одговори на прашањата на младите поврзани со начинот на спроведување и прифаќање на универзалните човекови права во различни култури.

Меѓу другото ќе имате можност да слушнете за практични искуства од прифаќањето на човековите права од страна на поединци кои припаѓале на поразлична култура.

Повеќе детали на следниот линк.

*Проектот „Без расправање“ финансиски е поддржан од Фондација Отворено општество Македонија.

Локација: Амбрела Ресторан

Време: 15.01.2019 13:00-15:00

Share this:

Leave a Reply