„ДАЛИ Е СРЕЌЕН 8 МАРТ?“

„ДАЛИ Е СРЕЌЕН 8 МАРТ?“

Девојки, жени, мајки, сестри, баби, вработени, невработени, феминистки, активистки и сите оние кои сметаат дека женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност е важна и сè уште трае!

8 Март е Меѓународниот ден на жената кога се одбележува женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност. Со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост и подготвени за предизвиците кои ни престојат на нас, Платформата за родова еднаквост ве известува дека на 8 Март по трет пат маршираме под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“

Оваа година маршираме со цел да покажеме дека трпението ни е на црвено и повеќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените.

Овој петок, ве повикуваме да марширате заедно со нас со почеток во 12.00 часот од Жена Парк преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, до плоштадот Филип Втори. За еднакви права, еднаква плата, достоинствен живот и должно почитување!

Се гледаме на марш!

Share this:

Leave a Reply