Читај човек, зборувај со книга!

Читај човек, зборувај со книга!

Сакаш да слушнеш различни животни приказни? Или можеби сакаш искрено да разговараш со личност која се соочува(ла) со слични проблеми како твоите?

Тимот на Hack the Mental Health Stigma приготвува мал предизвик токму за тебе. Прочитај човек, зборувај со книга!

Без разлика дали уживаш читајќи ги светските бестселери или безвременските класици, препушти се на зборовите и подготви се за неверојатно читачко искуство. Навидум нормална библиотека: можеш да го разгледаш каталогот со достапни книги, да дозволиш да те привлече примамливиот наслов и да ја изнајмиш на определен период, но разликата е тоа што ти како читател ќе можеш да позајмиш вистинска личност која лично тебе ќе ти ја раскаже својата приказна.

Можноста да зборуваш со книгата, да ја прашаш сѐ што ќе ти падне на ум, да се развие дијалог и опиплива блискост меѓу „читателот“ и „книгата“ го прави овој настан поинаков од останатите. Настан каде ќе се рушат стереотипите и предрасудите кои ги имаме, настан кој има за цел да развие толеранција и разбирање.

Овој пат на еден поинаков начин ќе го отвориме прашањето за важноста на менталното здравје и превенција на насилството. Применувајќи го концептот на жива библиотека ќе ја хакираме стигмата.

Настанот е спроведен од младинската иницијатива Hack the Mental Health Stigma произлезена од проектот “Младински лидерски иницијативи”, имплементиран од Младите можат, а поддржан од SAJV – CSAJ – FSAG.

Локација:
СУГСГ „Орце Николов“ - Скопје
Како да аплицирате:
Присуството е бесплатно. Се што треба е да одвоите неколку часа, да понесете пријател со себе и да бидете подготвени да ни помогнете заедно да ја хакираме стигмата.

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply