Часови за готвење слоу фуд: „Риби од нашите води“

Часови за готвење слоу фуд: „Риби од нашите води“

Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ на мениот ви нуди нова тура од 5  часови за готвење со инструктори-професионални готвачи.

Серијата „Часови за готвење слоу фуд“ ја завршуваме со часот  „Риби од нашите води“ кој ќе се одржи на 30. 03.2019 (сабота) во 15:00 часот.

Со помош на инструкциите на шеф Дејан Карапеев ќе имате можност да научите да:

  • подготвите филети од белвица
  • направите прилог: пире од морков и сусам
  • совладате самостојна подготовка на крцкав десерт од јаболко и крем од ореви

На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ ќе бидат во улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош.

На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници.

Цена: 1200 ден.

Со секој купен ваучер учесниците добиваат: намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.

За повеќе информации посетете јас Фејсбук страната coolinari.mk или побарајте нè на следниве броеви:

077/855 832 или 070/537 384.

Share this:

Leave a Reply