Часови за готвење Слоу Фуд – Час 4

Часови за готвење Слоу Фуд – Час 4

Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ на мениот ви нуди нова тура од 5  часови за готвење со инструктори-професионални готвачи.

Серија „Часови за готвење слоу фуд“ продолжува на 23. 02.2019 (сабота) во 15:00 часот,  со „Протеински растенија“.

Со помош на инструкциите на шеф Зоран Мајновски ќе имате можност да подготвите:

– хумус од наут со брускети од домат и босилок

– ќофте од леќа во сос од морков

– бисквит од бадем со мус од лешник и слатко од капини

На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ ќе бидат во улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош.

На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници.

Цена: 1200 ден.

Ваучерите за часот можете да ги набавите на следниот линк или директно во 1/2 Југотон (во ГТЦ).

Со секој купен ваучер учесниците добиваат: намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.

За повеќе информации посетете го линкот или побарајте нè на следниве броеви:

077/855 832 или 070/537 384.

Локација:
СУГС „ЛАЗАР ТАНЕВ"

Share this:

About the Author

Организација за социјални иновации „АРНО“Асоцијација за развој на нови опции „АРНО“ е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап за промена(читај:подобрување) на општеството. Во моментов функционираме како хибридна организација (граѓанска организација со економски активности). Кога ќе ја имаме законската рамка за социјално претприемништво во Македонија, планираме да бидеме официјално регистрирани како социјално претпријатие. Ние работиме на принцип на инспирација и препознена потреба за промена. Веруваме дека со нови интервенции и социјални иновации нашиот свет може да биде подобар. Со седиште во Скопје, ние сме македонскиот глас за социјални промени и иновации, но веруваме и дека нашиот глас може оддекне на регионално и интернационално ниво. Затоа што, ние правиме добро (ЗА АРНО *) :)

View all posts by Организација за социјални иновации „АРНО“

Leave a Reply