ЧАЈАНКИ (Февруари-Март 2019 год.)

ЧАЈАНКИ (Февруари-Март 2019 год.)

Во периодот од февруари до март 2019 година, Центарот за младински активизам ЦМА Крик имплементираше пет чајанки/забави кои се дел од младинските програми кои се спроведуваат во три специјални училишта во Скопје: ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци Топанско Поле, ДУЦОР „Партенија Зографски“ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ на кои активно учество земаа повеќе од 100 млади лица со и без попреченост. Чајанките се имплеметираа во Скопските кафулиња и тоа:
  1. Casa Cubana (28.02.2019)
  2. The Loft (07.03.2019)
  3. Déjà vu (14.03.2019)
  4. Центар Бар (21.03.2019)
  5. Cosy Bar (28.03.2019)
Петте чајанки беа имплементирани од тим од младински работници кои имаат искуство во имплементирање на младински програми. Овие настани опфатија едукативен и забавен дел. Преку интерактивни вежби, учесниците имаа можност да се дружат, да споделат мислења со своите врсници, како и да  научат латино танци и креативно пишување на приказни. На овој начин ги зајакнавме капацитетите на младите лица со и без попреченост, извршивме директно влијание за зголемување на социјалната инклузија и подобрување на квалитетот на живот. Наидовме на отворена комуникација, ентузијастичност и прифатеност од вработените и гостите во скопските кафулиња во текот на планирањето и имплементирањето на чајанките. Чајанките се дел од проектните активности од проектот Младинско учество за сите. Во рамки на проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ , како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот „Youth Participation for ALL!“Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.  Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Младиинфо Интеранционал (Македонија). Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија. Сликите од чајанките можете да ги најдете на следниот линк слики од чајанки      
Локација:
Скопје

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply