Чајанка

Чајанка

Центарот за младински активизам ЦМА Крик со големо задоволство Ве поканува на чајанка во четврток, (14.03.2019) во DéjàVu Capitol Mall!

Повелете на заедничко дружење со нашите пријатели од ДСУ за образование и рехабилитација „Св. Наум Охридски“ – Скопје. 🙂 Понесете го својот ентузијазам и ведра насмевка … и сите заедно да крикнеме: „Заедно градиме среќни моменти!“.

Чајанката е дел од проектот “Youth Participation for ALL!”. Во склоп на активностите на проектот во периодот од Февруари до Март 2019, се имплементираат 5 чајанки, на кои активно учество ќе земат млади лица со и без попреченост.

Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Маладиинфо Интеранционал (Македонија).

Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Во рамки на овој проект, како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот „Youth Participation for ALL!“. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.

Чајанките се организирани од тим составен од младински работници и опфаќаат активности од едукативен и забавен карактер и имаат за цел да ја зголемат социјалната инклузија на младите лица со попреченост, кои ќе имаат можност да поминат време со свои врсници со типичен развој. Поради ограничениот број на гости, Ве замолуваме да се пријавите на овој линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfjjr2MPkMjWRvZEoqkpFUIpFI3wbyNwHcLyg2JyMbrFGMukg/viewform

најдоцна до 13ти Март, а нашиот супер тим ќе ве контактира за подетални информации. 🙂

Ве очекуваме! 🙂

Со љубов, Вашите Криковци

Локација:
Deja Vu, Capitol Mall
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfjjr2MPkMjWRvZEoqkpFUIpFI3wbyNwHcLyg2JyMbrFGMukg/viewform?fbclid=IwAR3b4BBZQpGsW_NrL89kN62zsnroJ4Q13vmciK0IZ84bV9kokjrHIutAViA

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply