Чајанка во Центар Бар

Чајанка во Центар Бар

Центарот за младински активизам ЦМА Крик со големо задоволство Ве поканува на чајанка во четврток, (21.03.2019) во Центар Бар!

Повелете на заедничко дружење со нашите пријатели од трите специјални училишта во Скопје. 🙂 Понесете го својот ентузијазам и ведра насмевка … и сите заедно да крикнеме: „Заедно градиме среќни моменти!“.

Чајанката е дел од проектот “Youth Participation for ALL!”. Во склоп на активностите на проектот во периодот од Февруари до Март 2019, се имплементираат 5 чајанки, на кои активно учество ќе земат млади лица со и без попреченост.

Поради ограничениот број на гости, Ве замолуваме да се пријавите на овој линк:

https://docs.google.com/…/1FAIpQLSfjjr2MPkMjWRvZE…/viewform…

најдоцна до 20ти Март, а нашиот супер тим ќе ве контактира за подетални информации.

Ве очекуваме!

Со љубов, Вашите Криковци

Локација:
Центар Бар
Рок за аплицирање:
20.03.2019
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfjjr2MPkMjWRvZEoqkpFUIpFI3wbyNwHcLyg2JyMbrFGMukg/viewform?fbclid=IwAR3Bp6TdeYmdJUnZc6LS9u8-4bqzHMrJBP6_gCvTLSmKNsXLGXfPamRSi0k

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply