Бесплатна проекција на „Пријателка“

Бесплатна проекција на „Пријателка“

Се вели дека „добрите кениски девојки стануваат добри кениски сопруги“, но Кена и Зики копнеат за нешто повеќе. И покрај политичкото ривалство меѓу нивните семејства, девојките истрајуваат и остануваат блиски пријателки, поддржувајќи се меѓусебно во следењето на своите соништа во едно конзервативно и религиозно општество какво што е она во Кенија. Кога љубовта процветува меѓу нив, тие ќе бидат приморани да направат избор меѓу среќата и безбедноста.

Skopje Film Festival и Youth Artivists for Change во соработка со Queer Square и со финансиска поддршка од Embassy of the Netherlands in North Macedonia организираат проекција на играниот филм „Пријателка“ (Rafiki Movie), кој ни ги доближува проблемите и предизвиците со кои се соочуваат геј-луѓето во општество каде истополовата љубов е забранета, а хомосексуалноста е кривично дело за кое следува затворска казна од 5 до 14 години. Филмот беше забранет за прикажување во Кенија, но доби пофални критики ширум светот.

„Пријателка“ е кениски драмски филм во режија на Ванури Кахиу. „Пријателка“ е приказна за пријателството и деликатната љубов која се развива меѓу две млади жени, Кена и Зики, и покрај семејните и политичките притисоци околу правата на ЛГБТ+ луѓето во Кенија.

Филмот ја имаше својата интернационална премиера во програмата „Un Certain Regard“ (во превод „одреден поглед“ или „од друга гледна точка“) во рамките на Festival de Cannes во 2018 година; инаку тоа беше првиот кениски филм воопшто прикажан на фестивалот.

Билетите за филмската проекција се бесплатни, а можете да ги подигнете на билетарницата на Градско Кино Милениум.

Повеќе информации за настанот.

  • Време: 27 јуни 2019 од 20 до 21:30 часот
  • Место: Градско кино Милениум

Share this:

Leave a Reply