АЕГЕЕ Скопје ве поканува на АГОРА Бергамо

АЕГЕЕ Скопје ве поканува на АГОРА Бергамо

АЕГЕЕ Скопје ве поканува да аплицирате за пролетната АГОРА која оваа година ќе се одржи во Бергамо во периодот од 18 до 22 мај! АГОРА претставува најголем статутарен настан организиран во мрежата на АЕГЕЕ Европа на кој учество земаат повеќе од 800 млади луѓе од цела Европа. АГОРА се организира два пати годишно (есенска и пролетна) и на овој настан младите од цела Европа ја планираат работата и политиките на оваа организација. На пленарните седници се дискутира за теми кои не засегаат сите нас младите. На оваа АГОРА главни теми на разговор ќе бидат: младинска невработеност, граѓанско образование, мобилност на младите и ширење на европтимизам. Покрај учеството на делегати кои ја претставуваат својата антена, секоја АЕГЕЕ антена има право да прати и неколку членови во својство на посетители. И делегатите и посетителите имаат право да учествуваат на пленарните седници, но покрај нив паралелно се одржуваат и голем број на други најразлични работилници, панел дискусии, сесии и притании на кои секој учесник може да присуствува. Не ја пропуштајте можноста да учествувате на еден од најголемите младински настани во Европа.  Крајниот рок за аплицирање е 24 март, ги очекуваме Вашите апликации!

Share this:

Leave a Reply