4-ти НВО Саем на град Скопје „Заедно до подобро општество“

4-ти НВО Саем на град Скопје „Заедно до подобро општество“

Со задоволство Ве информираме дека Волонтерски Центар Скопје, во соработка и со поддршка на Град Скопје, и оваа година, четврти пат по ред, на 5-ти Декември, во просториите на НУБ (Националана и универзитетска библиотека) „Св. Климент Охридски“ повторно ќе организира НВО Саем, овој пат со наслов “Заедно до подобро општество!”. Одбраниот датум за одржување на саемот е во насока и на одбележување на 5-ти декември, меѓународниот ден на волонтерството.

На саемот е предвидено своја презентација, во форма на штанд, да имаат здруженија/фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но исто така и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат/спровеле во корист на граѓаните на Град Скопје. Доколку сметате дека спаѓате во овие категории на организации и здруженија, слободно пополнете ја апликацијата за учество со свој штанд на НВО саемот. Апликационата форма можете да ја најдете на следниов линк:

https://goo.gl/forms/MUEybIf5NHKi1Fvp2

За подобро вмрежување на присутните здруженија/фондации, оваа година предвидовме и организација на три тематски мини-форуми, на кои што вие и вашето здружение можете да земете учество (доколку сте заинтересирани, не се задолжителни). Регистрацијата за учество на форумите е во склоп на самата апликација за учество на НВО саемот. За време на форумите, ќе се запознаете подобро со работата/активностите на други сродни здруженија и ќе имате можност да дискутирате за идеи/сугестии за понатамошна соработка. ВЦС ќе обезбеди штандови за поставување на материјалите на организациите.

На следниов линк е и ФБ настанот, кој го креиравме за оваа пригода: https://www.facebook.com/events/1979405949025405/

Ве замолуваме најдоцна до 20-ти Ноември 2018 година да ја пополните потребната апликација, со што ќе го потврдите вашето учество на НВО саемот.

Share this:

Leave a Reply