Стани дел од Balkan Booster!

Стани дел од Balkan Booster!

Дојче веле бара учесници во проектот „Balkan Booster“ за 2019 година.

Сакате да дознаете како живеат луѓето во соседните земји и какви се нивните приказни? Заинтересирани сте за заштита на животната средина? Ако Вашите одговори се „да“, а покрај тоа уште сакате и да снимате видеа со мобилен телефон и активно да ги користите социјалните мрежи, тогаш сте на вистинското место!

Дојче веле бара учесници за проектот Balkan Booster за 2019 година. За повеќе информации за проектот следете го хаштагот #dw_BalkanBooster или посетете ја нашата посебна Balkan Booster страница.

Кандидатите/кандидатките треба да ги исполнуваат следните услови:

1. Да живеете во РС Македонија

2. Да имате помеѓу 19 и 25 години

3. Да студирате новинарство или да имате новинарско работно искуство

4. Да сте подготвени да работите во тим и да патувате

5. Да имате време да учествувате на тридневна обука за видео-новинарство во мај 2019 година

6. Да сте мотивирани за истражување и работа на приказни за заштита на животната средина

7. Активно да користите социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм и Твитер)

8.  Активно да користите (да зборувате и пишувате) англиски јазик

9. Знаете да монтирате видеа? Тоа е предност!

10. Да сте мотивирани да научите повеќе за другите земји, идентитети и култури на Балканот

Ако сте заинтересирани и сакате да станете дел од големото Balkan Booster семејство на Дојче веле, испратете ни ја својата пријава (биографија на англиски јазик и кратко видео во траење до една минута во кое ќе ја наведете Вашата мотивација за проектот) најдоцна до 21 април 2019 година на имејл адресата: balkan-booster@dw.com.

Share this:

Leave a Reply