[Продолжен рок за повик] Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“

[Продолжен рок за повик] Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“

Повикот за учесници (МК/AL) за Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“ е продолжен до 6-ти февруари.

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Институт за европска политика (ЕПИ) отвора повик за учесници на Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“, во склоп на  проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“. Програмата ќе се спроведува во Скопје, во периодот од февруари до мај 2019.

За време на програмата ќе се изучуваат следниве теми:

  • Што е претприемништво?
  • Мотивација, лидерство и тимска работа
  • Приказна, презентација и прототип
  • Традиционален и онлајн маркетинг
  • Водење бизнис

Школата ќе се реализира два пати неделно во попладневните часови и ќе содржи активности, како што се разговори со успешни претприемачи, симулации, студии на случај, практична работа и дополнителни отворени предавања. Едукативната програма ќе започне со дводневен – викенд интензивен тренинг.

За кого е наменета обуката?  Аплицирајте ако:

  • Сте невработени и сте во потрага по работа во приватниот сектор или сакате да започнете сопствен бизнис;
  • Сте на возраст од 21 до 29 години;
  • Имате интерес за создавање на стартап или започнување на бизнис
  • Ве мотивираат предизвици, имате желба да смислувате нови и иновативни пристапи за решавање на проблемите, сакате да експериментирате со бизнис идеи;
  • Во можност сте да учевствувате во сите обуки;
  • Покажувате високо ниво на решителност и посветеност;
  • Немате проблем да излезете од својата удобна зона;
  • Сакате да работите во тим.

Како да аплицирам? Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 6-ти февруари (среда) 2019 година, преку испраќање CV и пополнета апликација на obuki@mof.org.mk со назнака „Од идеја до стартап“. Апликацијата можете да ја преземете од следниот линк.

Бројот на учесници е ограничен. Изборот на учесници ќе го врши комисија составена од претставници на Младински образовен форум и Институт за европска политика. По потребна, ќе се спроведат и интервјуа (телефонски или во живо) со пријавените апликанти. Програмата е бесплатна и ќе биде спроведена на македонски јазик.  На повикот може да аплицираат и тимови, наведувајќи во апликацијата дека аплицираат со однапред смислена бизнис идеја.

Што ќе добијам? Квалитетна едукативна програма која ќе ти овозможи да ги развиеш своите капацитети! Низ програмата учесниците ќе формираат тимови и ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка за својата предлог бизнис идеја. За сите тимови ќе се обезбеди менторство од искусни професионалци во бизнис секторот. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат, да учат од и да соработуваат со сопственици на успешни бизниси, одлични предавачи, ментори, советувачи, професори и професионалци. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат.

Ваква програма беше оранизирана во 2016-2017 година со серија од 12 успешни тренинзи за 40 млади, во две траки за меки вештини: претприемништво и граѓанско учество. Како резултат на програмата поддршка добија два локални стартапи: Храна за сите и Audified Reality, со стартап фонд и менторство.

Програмата ќе биде овозможена со поддршка на Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE)

Повеќе информации на следниот линк.

Share this:

Leave a Reply