Повик за учество на обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание врз младинските политики 

Повик за учество на обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание врз младинските политики 

Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Фондација за Претприемачки сервис за млади објавува:

Повик за учество на обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание врз младинските политики во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, програма IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“

Еден од начините за граѓанските организации да ги постигнат промените што ги посакуваат е да   влијаат врз политиките. Влијанието врз политиките може да има многу форми: додека легислативните промени најчесто се разбираат како најконкретен начин за остварување на некоја промена, всушност, јавната политика вклучува и многу други прашања, регулативи, алокација на ресурси и одлуки кои треба да бидат засновани на докази и партиципативност.

Сите чинители, вклучувајќи ги и граѓански организации, треба тесно да соработуваат при формулирањето и имплементација на политиките, со цел поефективно справување со предизвиците со кои се соочува македонската економија и општество: корупцијата, високата стапка на невработеност, односите меѓу различните етнички групи, итн. Иако граѓанските организации (ГО) имаат значајна улога во општеството, сепак, нивното учество во процесите на креирање на политики се спроведува неконзистентно.

Целта на обуките е да се зајакне капацитетот на граѓанските организации за вијание врз младинските политики и стратешките развојни планови и мерки на локално и национално ниво.

Повикот се однесува за три дводневни обуки за влијание врз младинските политики, за три групи од по 15 учесници. Со повикот ќе се опфатат вкупно 45 учесници, претставници на граѓански организации од земјата, кои со пријавувањето ќе имаат можност да одберат еден од предложените три термини за обуките:

Ø  I термин: 19 – 20 април 2018

Ø  II термин 26 – 27 април 2018

Ø  III термин 10 – 11 мај 2018

Учесниците на обуката ќе имаат можност:

–          Да се запознаат со основите, стандардите на квалитет и индикаторите на младинската политика;

–          Да научат за планирање, креирање, имплементација и евалуација на младинската политика;

–          Да се запознаат со сите релевантни институционални актери во земјата одговорни за креирање и спроведување на младинските политики;

–          Да ги совладаат чекорите за застапување на младинските политики пред сите релевантни чинители и носители на одлуки;

–          Да се мотивираат за вклучување и придонес во социо-економскиот развој на земјата преку креирање на младински политики за актуелни прашања кои ги засегаат.

Обуките ќе бидат водени од искусен/на обучувач/ка на полето младински политики и младинско учество. Локација: Битола. Од секоја организација може да се пријави по еден учесник со пополнување на пријавата тука. Целосниот повик е достапен тука.

Краен рок за пријавување четврток, 12-ти април 2018 до 16:00 часот.

Share this:

Leave a Reply