Повик за учесници за работилници за ментално здравје

Повик за учесници за работилници за ментално здравје

Не е секогаш лесно да објасниме како се чувствуваме…Зарем не? Нашите емоции, чувства, погледот кон нештата, па дури и кон самите себеси… Тие постојано се менуваат. Како би опишал што значи да бидеш ти? Или што се случува во твојата глава? Што е ментално здравје? Што е потребно за да го негуваш твоето ментално здравје?

Младите можат ти овозможува да учествуваш на дво-дневна работилница посветена на грижа и негување на твоето ментално здравје.

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Во текот на цела 2019та година Младите можат го реализира проектот “YOU(th) CAN DO IT BETTER!” посветен на промовирање на важноста за грижа за менталното здравје помеѓу младите средношколци во градот Скопје. Преку овој проект најпрво ги инспирираме младите да се грижат за своето ментално здравје, ги идентификуваме младинските потреби и предизвици поврзани со менталното здравје на средношколците и ги адресираме кај соодветните чинители за да овозможиме нивно надминување.

За кого е наменета оваа работилница и што ќе опфати истата?

  • Работилницата ќе биде спроведена на 15ти и 16ти октомври 2019г. во периодот од 14.00 до 18.00 часот во Скопје (локацијата ќе биде соопштена по потврденото присуство)
  • Работилницата е наменета за сите средношколци.
  • Работилницата ќе биде базирана на врсничка едукација за ментално здравје и истата ќе биде спроведена од страна на врсничките едукатори од Младите можат, кои имаат унифициран пристап, согласно изработен Прирачник за овие потреби
  • Работилницата е составена од 4 тематски области со по две сесии за секоја од следните области:

Ментално здравје (ќе се запознаете со факти во однос на менталното здравје како клучна компонента на целокупното здравје, значајноста на грижата за метално здравје како и начините на кои може да се грижиме за нашето ментално здравје)

Личен менаџмент – грижа за себе (ќе зборувате за повеќе аспекти во насока на што ми е важно, како знам дека ми е важно, какви емоции препознавам и како истите да ги искажам)

Врски и односи (ќе зборувате како да се изградат добри и долготрајни врски како и кои се ефектите од лошите, а кои од добрите врски)

Промени и поддршка (ќе зборувате за промените со кои се соочуваат младите во периодот на адолесценција, нивното влијание врз личноста како и за какви промени младите сакаат да направат со цел да имаат подобар квалитет на живот и живеат во добросостојба)

Тимот на Младите можат те очекува да ни се приклучиш!

Предност при изборот ќе добиеш според:

  • твојата досегашна ангажираност во заедницата,
  • заинтересираност и желба за работење на темата ментално здравје,
  • желба и подготвеност за лично надоградување,
  • потврдување на присуство во текот на двата дена
Локација:
Скопје
Рок за аплицирање:
Рокот за пријавување истекува на 12.10.2019 (17.00 часот)
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdVpGdqAlj6uYrsX55FDGSupBi3uhUuAOOMDsAxPHekVMbkPA/viewform
Други детали:
Работилницата е организирана во рамки на проектот “YOU(th) CAN DO IT BETTER!” имплементиран од Здружение на граѓани Младите можат, а поддржан од најголемата германска фондација за млади Schuler Helfen Leben.

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply