[Повик за учесници] Тренинг: Младите против говорот на омраза

[Повик за учесници] Тренинг: Младите против говорот на омраза

Здружението АЈНШТАЈН, во рамки на проектот “Младите против говорот на омраза” финансиски поддржан од Агенција за млади и спорт, објавува јавен повик за учество на 20 млади лица/студенти кои што ќе учествуваат на курс-тренинг за идентификација и спречување на ширењето на говорот на омраза. Истиот ќе биде поделен во 4 интерактивни тренинзи во период од 2 месеци, односно од Март до Мај 2019 година.

Што ќе добијат селектираните учесници од тренингот?

  • 1. Запознавање со елементите на говор на омраза и заштитените карактеристики на истиот, преку иновативни алатки и техники од страна на искусни обучувачи.
  • 2. Едуцирање на кој начин се врши диференцијација на говорот на омраза со неговите блиски концепти како дискриминација, криминал од омраза, клевети и навреди.
  • 3. Сертификат за успешно завршен тренинг за идентификување и спречување на ширењето на говор на омраза.

За да се овозможи младинска ангажираност од избраните учесници ќе се формираат 4 тима од по 5 члена кои во текот на 3 месеци активно ќе работат на развивање и имплементирање на онлајн кампањи. Тимовите процесот на изработка на онлајн кампањите ќе го прават со помош на обучувачите и проектниот тим на Здружението Ајнштајн.

Тренинзите ќе бидат спроведувани од страна на 4 искусни обучувачи во своите области каде што секој обучувач ќе одржи еден тренинг.

Тренинзите ќе започнат на почеток месец Март и истите ќе завршат кон средината на месец Мај 2019 година.

Кој може да се пријави?

На претстојниот курс-тренинг може да се пријават сите млади лица/ студенти кои имаат желба за стекнување на нови знаења и информации во полето на идентификување и спречуваше на говорот на омраза и сите оние кои се подготвени за работа во тим и извршување на работните задачи навремено.

Како да се пријавам?

Заинтересираните млади лица потребно е да го пополнат образецот за пријавување даден на линкот подолу и да го поднесат најдоцна до 11 февруари 2019 година до 17:00 часот. Селекцијата на учесниците кои што ќе поднесат пријави ќе биде извршена од страна на тимот на Здружението Ајнштајн најдоцна до 25 февруари 2019 година.

За пријавување на тренингот отворете го следниов линк.

Сите прашања кои се однесуваат на повикот може да се постават на следнава е-маил адреса: d.nikolovska@disleksija.org.mk или на телефонскиот број 071/957-851.

Share this:

Leave a Reply