[Повик за учесници] Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“

[Повик за учесници] Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Институт за европска политика (ЕПИ) отвора повик за учесници на Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“, во склоп на  проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ (Engaging the Private Sector in Entrepreneurship Education). Програмата ќе се спроведува во Скопје, во периодот од февруари до мај 2019.

За време на програмата ќе се изучуваат следниве теми:

  • Што е претприемништво?
  • Мотивација, лидерство и тимска работа
  • Приказна, презентација и прототип
  • Традиционален и онлајн маркетинг
  • Водење бизнис

Школата ќе се реализира два пати неделно во попладневните часови и ќе содржи активности, како што се разговори со успешни претприемачи, симулации, студии на случај, практична работа и дополнителни отворени предавања. Едукативната програма ќе започне со дводневен – викенд интензивен тренинг.

За кого е наменета обуката? 

  • Сте невработени и сте во потрага по работа во приватниот сектор или сакате да започнете сопствен бизнис;
  • Сте дипломирани и сте на возраст од 21 до 26 години;
  • Имате интерес за создавање на стартап или започнување на бизнис
  • Ве мотивираат предизвици, имате желба да смислувате нови и иновативни пристапи за решавање на проблемите, сакате да експериментирате со бизнис идеи;
  • Во можност сте да учевствувате во сите обуки;
  • Покажувате високо ниво на решителност и посветеност;
  • Немате проблем да излезете од својата удобна зона;
  • Сакате да работите во тим.

Како да аплицирам? Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 28-ми јануари (понеделник) 2019 година, преку испраќање CV и пополнета апликација на obuki@mof.org.mk со назнака „Од идеја до стартап“. Апликацијата можете да ја преземете од следниот линк.

Повеќе информации може да добиете на овој линк.

Програмата ќе биде овозможена со поддршка на Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE)

Share this:

Leave a Reply