[Повик за учесници] Програма за младински локален активизам во Кочани Младински локални иницијативи

[Повик за учесници] Програма за младински локален активизам во Кочани Младински локални иницијативи

Како млад човек од Кочани, дали можеш да ги идентификуваш потребите на твоите врсници во општината? Потребна ти е мотивација и алатки за да ја направиш промената која сакаш да ја видиш?

Си размислувал/а да се запознаеш со претставници од твојата општина? Да ги осознаеш можностите кои општината ги нуди на младите? Да бидеш слушнат и да соработуваш заедно со возрасните?

Доколку одговорот е ДА – овој повик е токму за тебе!

„Идентификувај  Инспирирај  Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.

Во рамките на проектот, поточно во неговата втора фаза „Програма за локален младински активизам и застапување Младински локални иницијативиМладите можат објавува повик за 10 млади од општина Кочани кои ќе учествуваат во истата.

Втората фаза на проектот следува по идентификуваните младински предизвици преку спроведеното истражување на тема „Потребите на младите на локално ниво“ и е предвидено да вклучи 10 млади од општина Кочани.

Програмата се состои од фази:

  • Градење на капацитети на 10те учесниците ( две дводневни обуки во третата и четвртата недела од март)

Во оваа фаза, учесниците ќе присуствуваат на два модули од обуки на кои ќе стекнат вештини за тимско работење и лидерство, проектно планирање, детектирање локални проблеми и застапување . Овие знаења и вештини ќе можат да ги употребат во фазата на имплементиција на иницијативите. Исто така ќе се запознаат со начинот на функционирање на општината и претставници од локалната власт.

  • Имплементација на локални иницијативи (април-јуни 2019 година)

По обуките младите ќе имплементираат локални иницијативи за застапување во период од три месеци во својата општина преку кои ќе ги адресираат на свој начин претходно идентификуваните предизвици. Преку иницијативите за застапување тие ќе остварат соработка со општините се’ со цел да се овозможи долгорочна соработка со локалните власти која ќе придонесе кон подобрување на животот на младите.

Доколку си млад човек на возраст од 16 до 22 години, живееш во Кочани и си спремен да направиш промена за младите во твојата заедница, а патем да се развиеш на лично ниво и да стекнеш нови искуства оваа програма е токму за тебе!

Преку учество на програмата за локален активизам „Младински Локални Иницијативи“ ти ја нудиме можноста директно да соработуваш со локалните власти и да спроведеш иницијатива за подобрување на општествен предизвик, којшто лично ТЕБЕ те засега

Пријави се за учество во истата со пополнување на апликацискиот формулар на овој линк. 

Рок на аплицирање: 05ти март, 20:00.

За повеќе информации и/или прашања пишете ни на info@youthcan.org.mk.

„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).

Локација:
Кочани
Рок за аплицирање:
05.03.19, 20:00
Како да аплицирате:
Со пополнување на апликацискиот формулар достапен на линкот погоре^
Други детали:
Повикот е наменет само за млади кои живеат во Кочани и се на возраст од 16 до 22 години

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply