Повик за учесници на Skopje Youth Summit

Повик за учесници на Skopje Youth Summit

Skopje Youth Summit ќе се одржува од 03 декември до 05 декември во Младински Културен Центар и ќе учествуваат околу 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор и млади политичари од целиот Западен Балкан. Целта е низ приказ на различно политичко учество и градење на мир во регионот младите да се запознаат меѓусебно.

Што треба да поседуваш?

  • Да бидеш помеѓу 18 и 35 години.
  • Да си со место на живеење во некоја од земјите на Западен Балкан.
  • Добро познавање на Англиски јазик за да може да се земе активно учество во активностите.
  • Да се биде активен во граѓанскиот или политичкиот сектор во твојата држава или на регионално ниво.

Апликацијата за учесници можете да ја најдете на следниот ЛИНК. 

Покрај гореспоменатото, не се потребни други критериуми за учество. Квалитетот на вашата апликација ќе биде клучен за учество на самитот.

Трошоците за учество ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Рокот за аплицирање е до 14.11 2019 година.

Среќно!

Share this:

Leave a Reply