Повик за учесници на младински програми во специјалните училишта

Повик за учесници на младински програми во специјалните училишта

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува младинска програма за лица со попреченост и лица со типичен развој. Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период октомври-декември 2019 во специјалните училиштата:

– ДУЦОР „Партенија Зографски“ (Маџари) – ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци  (Топанско поле) – ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ (Капиштец) – ПСУ „Д-р Златан Сремец“ (Кисела Вода) – Дневен центар за лица со Даунов синдром (Центар)

Работилниците се состојат од едукативни, креативни и забавни активности кои ќе бидат имплеметиранни од тим од младински работници со времетраење од 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за млади лица. Работилниците се реализираат во просториите на училиштата во Скопје и во природа. Циклусот работилници се дел од проектот „Чекори кон Инклузија“ кој е во склоп на Проектот за младинско изразување. Проектот за младинско изразување е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Младински Образовен Форум, во партнерство со Лоја и Младински сојуз Крушево. Проектот „Чекори кон Инклузија“ има за цел да создаде социјална инклузија на лица со попреченост кои доаѓаат од специјалните училишта во Скопје со нивните врсници со типичен развој.

Краен рок за аплицирање: 04.10.2019

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не на: kriksending@gmail.com.

Доколку сте заинтересирани ве молиме пополнете ја апликациската форма.

Локација:
Скопје
Рок за аплицирање:
04.10.2019
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdpKxnoAV7wG8sEfiDvrJB-TpfFcqWPXV2TWYVxAG1VbuyLoQ/viewform?vc=0&c=0&w=1

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply