Повик за учесници на младинска програма во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци

Повик за учесници на младинска програма во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци

Во периодот од мај до декември 2019 гoдина во Скопје, Центар за младински активизам КРИК спроведува програма за младински работници во рамки на проектот Чекори кон Инклузија кој е во склоп на Проектот за младинско изразување. Проектот за младинско изразување е финансиран од Европската Унија а го спроведува Младински Образовен Форум, во партнерство со Лоја и Младински сојуз Крушево. Проектот Чекори кон Инклузија има за цел да создаде социјална инклузија на лица со попреченост кои доаѓаат од специјалните училишта во Скопје со нивните врсници со типичен развој.

Центар за младински активизам Цма Крик спроведува 5 младински програми за млади лица со попреченост и типичен развој. Младинските програми се составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период октомври-декември 2019 во специјалните училиштата.

ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци 

Младинската програма во ова специјално училиште ќе опфати циклус работилници на тема: Dance and tolerance. Целта на младинската програма е почитување на различностите и зголемување на социјалната инклузија преку музиката и танцот. Во текот на работилниците учесниците преку латино таници, зумба и балет ќе научат да ги почитуваат различностите и ќе се зголеми социјалната инклузија на младите лица со попреченост.

Работилниците ќе се имплементираат секоја среда од 15:30-17:00.

Локација: Топанско Поле, Скопје.

Локација:
Скопје
Рок за аплицирање:
10.10.2019
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdpKxnoAV7wG8sEfiDvrJB-TpfFcqWPXV2TWYVxAG1VbuyLoQ/viewform?vc=0&c=0&w=1
Други детали:
http://krik.org.mk/2019/09/26/-----/

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply