ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА КВИР КАМП 2019

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА КВИР КАМП 2019

Оваа година, со финансиска поддршка од Фондацијата Хајнрих Бол, ЛГБТИ Центарот за поддршка  во соработка со Младински образовен форум (МОФ) организира Квир Камп 2019 кој ќе се одржи во периодот од 17 до 20 август во Извидничкиот центар во Охрид.

На школата имаат право да учествуваат млади лица на возраст од 18 до 30 години. Целта на школата е да ги зголеми знаењата на младите во областа на човековите права, застапувањето и активното граѓанство, а со фокус на ЛГБТИ правата, глобалното и националното ЛГБТИ движење, делувањето во насока на унапредување на правата на ЛГБТИ движењето на локално ниво, како и изготвување планови и стратегии за застапување. Покрај наставните содржини, младите ќе имаат можност да учат преку разни вежби и рекреативни активности, како и слободно време за меѓусебно дружење. Предавачи на школата ќе бидат ЛГБТИ активисти и експерти во областа на човековите права, а тимот на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на кампот.

Трошоците за учество во школата се покриени во целост (превоз од секој град, сместување, оброци, работни материјали), односно нема да е потребен каков било надомест од страна на учесниците.

Ги охрабруваме младите лица на возраст од 18 до 30 години без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност и националност, верско уверување, попреченост или која било друга основа да се пријават на овој повик.

Повикот ќе биде отворен за пријавување до 04.08.2019 година (недела), а за пријавата е потребно да се достави:

  1. Формулар за Апликација Квир Камп 2019
  2. Кратка биографија
  3. Мотивационо писмо, во кое ќе ја изразите Вашата мотивација за учество.

Потребните документи испратете ги на е-маил: info@lgbti.mk, со наслов (Subject) КВИР КАМП 2019.

Share this:

Leave a Reply