ПОВИК за работилници за застапување на културните работници

ПОВИК за работилници за застапување на културните работници

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦИ ЗА:

– Работилница за Работничка анкета во македонскиот контекст, водена од Бојана Пишкур (МСУМ, Словенија) и Ѓорѓе Балмазовиќ (група Шкарт, Србија/ Словенија)

– Работилница „Застапување на културните работници за работнички права“, водена од Тјаша Пуребер (културна работничка и поранешна раководителка за застапување за Асоцијација, мрежа на независни културни работници во Словенија).

Работилниците ќе се одржуваат на 29 и 30 ноември во Кино Култура како дел од симпозиумот за размислување на иднината од перспектива на трудот насловен „Прекаријатното во капиталистичката култура – Дали да продолжиме да живееме вака?“ и се бесплатни.

Работилниците се одвиваат на 29.11 во периодот од 9 до 18 часот и 30.11 во периодот од 10 до 12 часот и ќе се одржуваат на македонски јазик, англиски јазик или на босанско-хрватско-српски јазик.

Повикот е отворен од 13.11 и трае до 26.11. 2019 година.

Пријавувањето се врши преку мејл со доставување на мотивациско писмо и CV на sovrseniotumetnikdenes@gmail.com

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА РАБОТИЛНИЦИТЕ:

Маркс во Скопје

Бојана Пишкур и Ѓорѓе Балмазовиќ

На работилницата ќе разгледаме различни работнички анкети од Маркс и ќе се обидеме да ја разработиме нивната релевантност денес. Ние би создале нова верзија прилагодена на состојбата во сферата на работата во културата во Скопје. Нашиот предлог е да ја направиме анкетата во форма на постери.

Share this:

Leave a Reply