ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ [ЦМ-МАК-02]

ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ [ЦМ-МАК-02]

Цивика мобилитас објавува повик за доделување мали грантови [ЦМ-МАК-02].

Пријави можат да поднесат граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); Покрај водечката организација, во пријавите можат да се вклучат и соработници.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмалку 3, а најмногу 12 месеци.

Грантовите не смеат да ја надминат сумата од 330.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 13.200.000 денари.

Овој Повик за предлози нема одреден краен рок. Сепак, земајќи го предвид периодот на спроведување на програмата Цивика мобилитас и времетраењето на грантот, овој Повик за предлози ќе биде отворен до 30 јуни 2022 г.

Пријавите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво, после крајот на секој календарски квартал (30.9; 31.12; 31.3; 30.6).

Повеќе за повикот на следниот линк.

Share this:

Leave a Reply