[Повик за фото-конкурс] Естетика на грдото

[Повик за фото-конкурс] Естетика на грдото

Младинска иницијатива ViridiQ, како дел од проектот „Младински лидерски иницијативи“ на Младите Можат, во соработка од Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ ДОО објавува конкурс за најдобра фотографија на тема: „Локални еколошки катастрофи“.

Најдобрите 30 фотографии ќе бидат дел од изложбата на финалниот настан – „Естетика на грдото“, која ќе се оддржи на Денот на планетата Земја – 22ри април. Овој фото-конкурс е наменет за сите млади кои ги воочиле еколошките катастрофи и сакаат на креативен начин да ги прикажат сé со цел започнување на дискусија за нивно решавање. Сите секојдневно се соочуваме со проблемите предизвикани од загаденоста, па затоа повикуваме на креативноста на сите млади да со неколку фотографии ги разбудат граѓаните за реалноста на терен и со тоа станат идните еко-херои!

На овој фото-конкурс можат да учествуваат сите млади, постари од 15 години, во две категории: Прва категорија: Загаденоста во твојата локална средина Преку фотографија, прикажете ни го секојдневното загадување кое мислите дека поминува незабележано. Вашата инспирација можете да ја побарате во загаденоста на воздухот, низ куповите ѓубре и долж загадените реки.

Втора категорија: Електронски отпад Секојдневно сме опкружени со технологија која со време станува електронски отпад. Токму тој електронски отпад може да биде многу опасен за животната средина како и по нашето здравје. Секој ден стануваме видливо позависни од технологијата, па затоа помогнете ни да ги воочиме проблемите кои вие претходно сте ги забележале.

Награди: За најуспешните 3 фотографии ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место. Прво место: Курс за графички дизајн (Brainster) Второ место: Шатор за кампување Трето место: Ранец

Возраст: За да учествувате на конкурсот потребно е да имате наполнети 15 години.

Аплицирање: Пријавувањето на фотографиите се врши на следниот начин: Вашите фотографии испратете ги на нашиот меил viridiq.yli@gmail.com заедно со вашето име и презиме, контакт телефон и датум на раѓање, со предмет на меилот: [Фото-конкурс] Пријава  Секој учесник има право да пријави неограничен број на фотографии.

Гласање: Сите фотографии ќе бидат објавени на Фејсбук страната на ViridiQ. 30те фотографии со најмногу лајкови од двете категории (по 15 од секоја категорија) ќе бидат изложени на финалниот настан. Секој од присутните на изложбата ќе има можност да ја избере својата омилена фотографија. Заедно со гласовите од жирито составено од претставници на ViridiQ, Младите Можат, Нула Отпад и Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се изберат трите најуспешни фотографии.

Го задржуваме правото да ги дисквалификуваме сите учесници кои користат дополнителни механизми за зголемување на бројот на гласови: гласање од лажни профили, купување гласови, мнозинство на гласови од други земји, гласови од иста IP адреса во многу краток временски рок и слично.

Рокови: Краен рок за доставување на фотографиите: 13.04.2018 до 23:59. Објавување на сликите на ФБ страната на ViridiQ и започнување на онлајн гласање: 14.04.2018 Крај на онлајн гласање: 18.04.2018 Прогласување на најдобрите 30 фотографии: 19.04.2018 Финален настан – изложба „Естетика на грдото“ : 22.04.2018

Share this:

Leave a Reply