Повик за асистент на проектот „МладиХАБ – дигитална младина“
Проектот „MladiHUB – Дигитална младина“ е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ,а поддржан од Британската амбасада Скопје.
Целта на проектот е да ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе и да ја зголеми нивната вработливост преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата. Во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во кои живеат, младите ќе треба да учествуваат во иницијативите во заедницата, стекнувајќи ваучер кој ќе овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. До крајот на проектот, младите луѓе во нашата земја ќе имаат платформа и поддршка за да ги добијат иподобрат своите дигитални вештини и да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Ова ќе ги подобри можностите за вработување, ќе промовира иновации и со тоа ќе го поддржи економскиот развој на Република Северна Македонија.
Опис на главните работни задачи
- Спроведување на проектни активности во координација со проектен координатор и координатор за комуникација;
- Подготовка и реализација на логистички активности и настани;
- Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот;
- Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот;
- Комуникација со проектни партнери и соработници
- Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
- Организација, имплементација и поддршка на останати активности на НМСМ;
- Редовна координација со Генералниот секретар, Управен одбор и останатите членови на секретаријатот за тековни работи и обврски на Секретаријатот.
Потребни знаења и вештини на кандидатите:
- Високо образование (во тек или завршено);
- Искуство во подготовка и реализација на настани;
- Одлично познавање на Microsoft Office алатките, познавање на алатки за дизајнирање и креирање на интерактивни содржини ќе се смета за предност;
- Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик.
- Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност;
- Познавање и искуство со водење на социјални мрежи ;
- Вештини за обработка на податоци;
- Познавање на административно – техничките процедури на меѓународните донатори ќе се смета за предност;
- Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
- Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери;
- Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р. Македонија;
- Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
- Можност да работи за време на викенди;
- Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата.
Услови за работа:
Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци, со можност за продолжување.
Плата: 21,000 денари нето.
Рок и начин на пријавување:
Рок на аплицирање до 1 декември, 2019 година, 23:59 часот;
Избраниот кандидат ќе започне со работа најдоцна до 15ти декември
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:
- Кратка биографија (CV на македонски јазик);
- Мотивациско писмо на македонски јазик.
На електронската адреса applications@nms.org.mk со наслов/назнака [име и презиме] – Проектен асистент во НМСМ – МЛАДИХаб
*Само селектираните лица за интервју ќе бидат известени.
*Сите апликации по наведениот рок нема да бидат земени предвид
Leave a Reply