Повик за апликации за волонтер од Мировен корпус / Thirrje për aplikim për vullnetar të Korpusit të Paqes

Повик за апликации за волонтер од Мировен корпус / Thirrje për aplikim për vullnetar të Korpusit të Paqes

Мировен корпус очекува нова група волонтери што треба да почне со работа во училишта, граѓански здруженија, општини и дневни центри од декември 2019. Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат. Краен рок за аплицирање е 15 април 2019 Апликацијата за волонтер можете да ја најдете на веб страницата на Мировен корпус: http://macedonia.peacecorps.gov. Доколку имате прашања или ви требаат повеќе детали за процесот на аплицирање, можете да контактирате со нас на pcv.mk@mk.peacecorps.gov или на 02/ 3090-012

МИСИЈАТА НА МИРОВЕН КОРПУС

Мировен корпус (Peace Corps) е независна американска владина агенција, која обезбедува волонтери во земјите низ светот што побарале помош. Преку меѓу-владин договор во 1996 год., Мировен корпус почна да работи во организациите и училиштата во земјава за да ги поддржи различни потреби на заедниците и да го зајакне мирот и пријателството помеѓу двете земји. Мировниот корпус продолжува да ги промовира мирот и пријателството со тоа што останува достоен на 3-те цели на својата мисија:

  1. Да обезбеди волонтери што ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства.
  2.  Да помогне луѓето од овие земји да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка.
  3. Да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите ширум светот.

Мировен корпус ги реализира своите активности во три програмски области:

  • Програма за развој на наставата по англиски јазик во основни и средни училишта
  • Програма за развој на заедниците
  • Програма за поддршка на лица со посебни потреби

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА ВОЛОНТЕР ОД МИРОВЕН КОРПУС

ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Преку програмата за развој на наставата по англиски јазик волонтерите соработуваат со наставниците по англиски јазик во основните и во средните училишта во текот на двете години од нивниот престој во земјава. Во рамките на оваа програма, волонтерите ги организираат следниве активности во соработка со нивните локални колеги:

  •  Планирање и предавање на часовите по англиски јазик;
  • Спроведување интерактивни активности на часот, коишто се насочени кон активно вклучување на учениците, користење на англискиот јазик на час, како и креативни пристапи во спроведувањето на наставата;
  • Подготовка на дополнителни материјали како помошни средства во наставата по англиски јазик;
  •  Водат клубови во училиштето кои ја подпомагаат употребата на англиски јазик на учениците;
  • Помагање при донации

ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА

Проектот за Развој на заедницата (РЗ), насочен кон младинскиот развој, ги поддржува заедниците и организациите за ефикасно управување на одржлив развој на заедницата. Мировен корпус соработува со граѓански организации, општини и јавни институции. Волонтерите и нивните локални соработници им даваат предност на активности коишто:

  • Ги поддржуваат организациите во утврдувањето на потребите на заедницата и градат стратешки партнерства;
  • Ги поддржуваат организациите при подготвување, спроведување и евалуација на програми кои одговараат на потребите на заедницата;
  • Ги зајакнуваат животните вештини на младите преку обуки, клубови и кампови за лидерство;
  • Заедничко организирање и спроведување активности кои промовираат волонтерство, особено за младите.

ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Волонтерите во оваа програма, работат со специјални едукатори, педагози и други вработени во дневните центри и училишта со цел да:

  • Спроведат дневни активности со употреба на нови методи;
  •  Создадат ресурси за поддршка на корисниците;
  • Да ги подобрат животните вештини кај корисниците;
  •  Да ги зајакнат капацитетите на вработените и родителите;
  • Да ги обучат младите да бидат волонтери и да им помагаат на лицата со посебни потреби;
  •  Да работат со лицата и нивните родители да ги зајакнат вештините за вработување.

Повикот е отворен за сите основни и средни училиштаопштиниграѓански здруженија и центри за деца и лица со посебни потреби.

  • Училиштата ја пополнуваат TEFL PCV Application;
  • Oпштините и граѓанските здруженија ја пополнуваат CD PCV Application;
  • Граѓански здруженија и центри за деца и лица со посебни потреби ја пополнуваат SN PCV Application.

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА ВОЛОНТЕР ОД МИРОВЕН КОРПУС

THIRRJE PËR APLIKIM PËR VULLNETARË TË KORPUSIT TË PAQES

Доколку имате некое прашањеслободно контактирајте со нас на е-маил pcv.mk@peacecorps.gov или на телефонските броеви02 / 3090 012 лок. 23, 25 & 26.

 

Share this:

Leave a Reply