Повик за аплицирање на Social Impact Award 2019

Повик за аплицирање на Social Impact Award 2019

Петта година по ред е започната потрагата по младите претприемачи со голема идеја и уште поголема желба да извршат значително влијание врз општестевени проблеми!

Оваа програма ќе ви го обезбеди потребното знаење, ресурси и ментори кои ќе ви помогнат вашата идеја да ја преточите во успешен бизнис! Дополнително, со пријавување во програмата ќе имате можност да бидете дел од тројцата победниците за кои се обезбедени финансиски награди од 2000 евра од Шпаркасе Банка Македонија и ќе имате обезбедено присуство на Интернационалниот СИА Самит во Киев (Украина) во Ноември, каде што ќе се сретнете со добитниците од останатите земји. Подржувачи на овој проект се и Фонд за иновации и технолошки развој и Пакомак.

Рокот за аплицирање е 31 Мај (Петок)!

За повеќе информации погледнете го следново видео: http://bit.ly/SIAInfoVideo & посетете ја веб страната.

Аплицирајте на следниов линк и бидете дел од SIA 2019.

Share this:

Leave a Reply