Повик за акции во студентските домови

Повик за акции во студентските домови

Почитувани,

Младински образовен форум (МОФ) во рамките на проектот „Студентски домови без корупција“ објавува повик за предлог-концепти за креирање студентски акции за подобрување на условите во државните студентски домови. Повикот е наменет за студентите кои престојуваат во државните студентски домови: „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски- Питу“.

Повикот има за цел да ги поддржи студентите во реализација на нивните студентски акции од различен карактер за подобрување на условите за престојување во домовите. Доколку сметате дека преку акцијата можете да ја подобрите состојбата на домовите, аплицирајте со свој предлог-концепт согласно насоките од овој повик. Организацијата на избраните студентски акции ќе биде помогната од ментор кој ќе работи со тимовите.

Настаните ќе се реализираат во месец мај  2019. Буџетот за секој од избраните предлог – концепти за акција изнесува максимум 43.000 денари (бруто износ). 

Сите заинтересирани тимови можат да се пријават најдоцна до 17-ти април 2019 година (среда), преку пополнување и  испраќање на следната аликација: концепт и предлог буџет за акцијата на следниве мејлови: martina_ilievska@mof.org.mk и bojana_nizamovska@mof.org.mk

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк

Share this:

Leave a Reply