Повик за 3 учесници за Тренинг Курс во Темишвар, Романија

Повик за 3 учесници за Тренинг Курс во Темишвар, Романија

ЦМА Крик објавува повик за 3 учесници за Тренинг Курс.

Што: Тренинг Курс „Reasons for Reasoning” Кога: 22-28 јуни 2018 Каде: Темишвар, Романија

Организација – домаќин: Timis County Youth Foundation (Fundatia Judeteana pentru Tineret Timis – FITT) – е чадор-организација за младински организации и студентски сојузи (од 14 различни струки). Со 30 организации-членки (2000 активни млади членови) и 26 години активност во Западниот Регион, FITT е најважната, најстарата и најуникатната организација во однос на активности, законски одредби и нејзиниот лидерски профил, во тој дел од државата. Тие се фокусираат на младинско учество, локални и национални младински политики и промовирање на европските вредности на локално, регионално и национално ниво, кои се мошне важни за младите во денешно време.

За проектот:

Контекст: Низ светот, младите луѓе станале полесни за манипулација, примање на информации кои не знаат како да ги исфилтрираат, воедно во онлајн и офлајн средини. Една студија од Стенфорд од 2016 год., која ја оценувала можноста на студентите да оценат извори на информации, ги опишала резултатите како „ужасни“, „мрачни“ и „закана за демократијата“. Цел: Оспособување на младински работници да ги развијат вештините за критичко мислење на младите луѓе со кои работат. Постапни цели: 1. поддршка на 26 учесници во идентификување на важноста на вештините за критичко мислење во денешното општество; 2. вклучување, запознавање и поддршка на 26 учесници во активности од неформално образование дизајнирани да ја развијат нивното критичко мислење; 3. олеснување на формирање на пригодна средина за 26 учесници да ја развијат способноста за соработуваат, даваат и примаат повратна информација (размена на добри пракси).

Ако ти…: – си член (вработен или волонтер) во партнерската асоцијација и ги разбираш потребите и реалноста на младите луѓе со кои работиш; – имаш искуство или заинтересиран си да работиш со млади луѓе за да ги развиеш нивните вештини за критичко мислење; – си мотивиран да организираш дисеминација на проектот, вклучувајќи ги и руралните области, со поддршка на партнерската организација; – имаш волја да продолжиш да работиш на водичот за добри пракси; – го познаваш англискиот јазик (пишуван, говорен) на средно ниво; – имаш најмалку 18 години … тогаш вклучи се во проектот!

Ако си заинтересиран да се пријавиш, пополни ја следнава апликациска форма и испрати ја. !! Само избраните учесници ќе бидат контактирани !! Рок за аплицирање: 25 април 2018

Трошоците за храна, сместување, материјали за тренингот се покриени од организацијата-домаќин. Трошоците за патување ќе бидат надоместени најмногу до 180 евра.

Партиципација за учество до ЦМА Крик: 600 денари

За некои дополнителни прашања, контактирајте не’ на kriksending@gmail.com.

Локација:
Темишвар, Романија
Рок за аплицирање:
25 април 2018

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply