ПОВИК до граѓанските организации за учество на дводневна обука

ПОВИК до граѓанските организации за учество на дводневна обука

Национален младински совет на Македонија во склоп на проектот WeB4YES – Организации на граѓанското општество од Западен Балкан во поддршка на вработувањето на младите ги повикува граѓанските организации, младински организации и организации за млади да номинираат свои претставници на дводневна обука чија цел е јакнење на капацитетите на организациите и запознавање со основите за развој на јавните политики и застапување во областа на политиките за вработување, а со посебен акцент на политиките за вработување на младите.

Повикот е достапен на линкот.

КОГА И КАДЕ?

27 и 28 март 2019 година, Попова Шапка. (Локацијата ќе биде дополнително потврдена)

Национален младински совет на Македонија ќе ги покрие сите трошоци за сместување, превоз (организиран превоз) и храна за време на обуката.

ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ ОД ОВАА ОБУКА?

  • Запознавање со правните и политичките рамки за вработување, вработливост и младинско претприемништво;
  • Подобро препознавање на можностите за вклучување на граѓанските организации во процесите на развој, имплементација, следење и евалуација на младинските политики за вработување;
  • Подобро разбирање и дефинирање на политиките за застапување, како и формирање на процесот на застапување, во контекст на процесите за развој на политики;
  • Ефикасно користење на резултатите од истражувања во процесот на застапување;
  • Јасно дефинирање на целите и плановите за застапување.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА НА ОБУКАТА?

  • Претставници на граѓански организации, младински организации, организации за млади регистрирани во Република Северна Македонија според Закон за здруженија и фондации;
  • Претставници на граѓански организации, младински организации, организации за млади со искуство во работа со младинско вработување, младинска вработливост, младинско претприемништво.
  • Претставници на граѓански организации, младински организации, организации за млади од рурални средини и останати плански региони на државата;
  • Претставници на граѓански организации, младински организации, организации за млади кои имаат желба да ги развиваат своите капацитети и да учествуваат во креирање на политиките за вработување.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

За да се пријавите на оваа обука ве молиме да ја пополнете следната пријава најкасно до 20 март 2019 година.

Пристигнатите пријави после наведениот рок за пријавување и непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

За останати прашања ве молиме обратете се на info@nms.org.mk или на 078350531.

СЛЕДНИ ЧЕКОРИ

Обуката се организира како составен дел од пошироката програма за поддршка на организациите на граѓанското општество и зајакнување на нивните капацитети за активно учество во процесот на развој и промена на јавните политики, особено во областа на подобрување на вработливоста и вработувањето на младите. Една од следните фази подразбира и конкурси за доделување средства на граѓански организации за спроведување на проекти за јавно застапување и унапредување на јавните политики.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

Овој проект претставува иницијатива на регионално ниво чија цел е да се обезбеди иновативен меѓусекторски пристап и да се понудат опции за подобрување на можноста за вработување на младите од регионот на Западен Балкан. Проектот има за цел да се фокусира на изнаоѓање решение за постоечките предизвици кои произлегуваат од недоволната соработка меѓу чинителите од граѓанското општество и државните власти во земјите од Западен Балкан во политичките процеси и донесувањето на одлуки во насока на реформскиот процес кој се однесува на невработеноста на младите.

Проектот има за цел да ги зајакне чинителите од граѓанското општество со цел тие да дадат значителен придонес во решавањето на многу прашања од областа на вработувањето и претприемништвото преку нивните активности за застапување и надзор на национално, регионално и локално ниво и на тој начин да стават поголем фокус на потребите на младите граѓани во креирањето политиките.

Координатор на Проектот е Белградската отворена школа, а партнерите на проектот се: Здружението надвор од границите (Тирана, Албанија), Здружението за демократски просперитет – ЗИД (Подгорица, Црна Гора), Институтот за развој на млади КУЛТ (Сараево, Босна и Херцеговина) НВО Ленс (Приштина, Косово), Националниот младински совет на Македонија (Скопје, Република Северна Македонија) и Меѓународниот центар Олоф Палме (Стокхолм, Шведска).

ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ ПРИЈАВИ!

Share this:

Leave a Reply