Отворен повик за учесници на театарската работилница „Дали театарот може да биде револуционерен?“

Отворен повик за учесници на театарската работилница „Дали театарот може да биде револуционерен?“

ЛГБТИ Центарот за поддршка, поддружница на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија, има чест да ги покани сите заинтересирани младински работници, едукатори, студенти, уметници, изведувачи и активисти да учествуваат во еднодневна театарска работилница со наслов „Дали театарот може да биде револуционерен?“ дел од проектот Perform2Reform (P2R) финансиран од Еrasmus+ програмата на Европската Унија.

На работилницата ќе биде претставена методологијата и алатките развиени во рамки на проектот, а кои се однесуваат на тоа како да ги адресираме проблемите со врсничкото малтретирање (булингот) преку користење на театар и изведувачки уметности.

  • Работниот јазик на работилницата е англиски.
Работилницата ќе ја води актерот Дени Стојанов, кој воедно е и режисер на перформансот „Ј А С Н Е М А“.

Местата се ограничени а рокот за аплицирање е 05.12.2019.

Повеќе информации можете да најдете на линкот ТУКА

Share this:

Leave a Reply