Отворен повик за доделување на мали грантови во рамките на проектот на WeB4YES

Отворен повик за доделување на мали грантови во рамките на проектот на WeB4YES

Упатство за доставување на предлог проекти со цел дополнително да се зајакнат капацитетите на организациите на граѓанското општество од Западен Балкан, како и да се зајакне нивното вклучување во јавното одлучување и иновативните иницијативи поврзани со младинското вработување, вработливост и претприемништво.

Максималниот буџетот за секој поединечен проект ќе биде до 10.000,00 €. Целосниот индикативен износ достапен од Програмата за поддршка со грантови за Активноста е до 150.000,00 €.

Типови на субјекти кои можат да добијат финансиска поддршка

Со цел да се квалификува за поддршка од Програмите за поддршка со грантови, апликантот и коапликантот(тите) мора:

(1) да бидат правни лица и;

(2) да бидат непрофитни организации;

(3) да бидат граѓанска организација или непрофитни организации

(4) имаат докажано искуство во работа со младите или во областа на вработувањето/претприемништвото;

(5) да бидат основани и да работат во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово или во Србија;

(6) да бидат директно одговорни за подготовката и менаџирањето со проектот.

(7) да имаат годишен промет помал или еднаков на 50.000,00 евра;

(8) никогаш да не добиле грант од ЕУ од ИПА програмата или имаат ограничено искуство за учество во рамки на поддршката со ЕУ грантови;

(9) да имаат капацитет за менаџирање, професионални компетенции и квалификации потребни за успешно завршување на предложените активности;

Апликациите мора да бидат поставени на интернет преку онлајн платформата www.web4yes.eu. Апликациите испратени во писмена форма или преку е-пошта нема да бидат прифатени.

Апликациите треба да бидат напишани на локалниот јазик (српски, босански/хрватски/српски, албански, македонски и црногорски), или на англиски јазик. Извршното резиме на апликацијата мора да биде достапно на англиски јазик.

Овој отворен повик за доделување на мали грантови е објавен во рамките на проектот на WeB4YES (Организации на граѓанското општество од Западен Балкан во поддршка на младинско вработување) поддржан во рамките на Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2016 -2017 – Консолидирање на регионалните тематски мрежи на организациите на граѓанското општество од страна на Европската комисија.

Датум на објавување:

9 мај 2019 година

Краен рок за поднесување:

5 јуни 2019, 23:59 часот (централноевропско време)

Документацијата потребна за аплицирање, како и целосниот повик можете да ги превземете тука.

Пополнетата документација за аплицирање можете да ја прикачите тука.

Инфо сесии и прашања и одговори

Партнерите во проектот ќе организираат инфо сесии за промовирање на Повикот. Распоредот на планираните инфо сесии е следниот:

  • 22 мај, Битола, палата Х. Милениум во 11:00ч
  • 23мај, Скопје, ЕУ Инфо Центар во 10:30ч

Освен за време на инфо сесиите, прашањата поврзани со програмата за поддршка со грантови најавена во овој Повик за предлози може да биде побарана само преку е-пошта.

Потенцијалните апликанти треба да ги напишат своите прашања до проектниот тим на WeB4YES преку web4yes@bos.rs на нивниот локален јазик или на англиски јазик. Прашањата кои се поставуваат преку телефон или други адреси на е-пошта нема да бидат одговорени.

Сите прашања и одговори ќе бидат објавени на интернет преку www.web4yes.eu.

Крајниот рок за поставување на прашања е 10 дена пред затворањето на повикот.

Share this:

Leave a Reply